Кластерот Штип си ги дава резултатите: Љупчо Николовски позитивен на коронавирусот

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски преку Фејсбук информира дека е позитивен на коронавирусот. Тој соопшти дека има благи симптоми.

– Поради лесни симтоми направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме, напиша Николовски на Фејсбук.

Да потсетиме дека изминатиов викенд во Штип се одржаа избори за градоначалник, а Николовски активно учествуваше во поддршката на нивниот кандидат Сашко Николов кој беше победник. СДСМ победата ја прослави весело во угостителски објект и со музика во живо.