Видал три години во „Барселона“

Чилеанецот Артуро Видал е најновото засилување на „Барселона“ која плати 25 милиони евра на „Баерн“ за негов трансфер во Каталонија. Видал ќе потпише тригодишен договор со шпанскиот шампион, а сумата која ќе ја заработи не е позната.

Големо благодарам до „Баерн“ и до навивачите. Многу уживав во мојот престој во Минхен. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ми даде шанса да се соочам со нов предизвик во „Барселона“ , рече Видал.

Видал воедно беше шампионски испратен од „Баерн“ и тоа од претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге кој порача:

Од името на Баерн сакам да му се заблагодарам на Артуро за трите фантастични години. Артуро имаше огромен придонес за нашиот успех до кој дојдовме во овој период. Тој секогаш беше во првите редови на важните мечеви и секогаш можевме да се потпреме на него, рече Румениге.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.