(ВИДЕО) 14 годишно момче заврши во затвор поради слика со Роналдо

Акмади Јаржанов (14 години) може да има сериозни проблеми поради својот идол, Кристијано Роналдо.

Ова младо момче влета на теренот за временамечот меѓу Јувентус и Тотенхем во Сингапур, а тоа за него може да претставува сериозен проблем.

„Видов момче како трча по теренот. Сфатив дека сака да се фотографира со Роналдо. Се исплашив дека обезбедувањето ќе го однесе, па го викнам и го однесов до Роналдо. Кога го видов не го сфатив тоа како вознемирување“, изјавил тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Момчето стигна до својот идол, а по краток разговор со него успеал да се фотографира со фудбалерот, но и да биде понуден со вода.

Но, законот во Сингапур е јасен и дециден. Веднаш по средбата момчето со својот татко морало да се пријави во полиција завршувајќи зад решетки.

Бидејќи момчето е од Казахстан, властите на неговата земја брзо реагирале, по што малолетникот бил пуштен на слобода со минимална казна.