ВИДЕО: 40 мртви, стотина повредени при напад на Министерството за одбрана во Сана

„Експлозијата беше многу силна, целата зграда се затресе, а од неа се крена голем облак со чад“, изјави очевидец кој работи во блиската зграда.
Меѓу убиените се 18 војници и 12 напаѓачи.
Привремената влада на Јемен често пати се обидува да се избори со сецесионистите од југот на земјата, борците на Ал-Каеда и бунтовници од северот, како и со тешките економски проблеми.
Засега никој нема превземено одговорност за нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.