(ВИДЕО) Протест против најавените мерки во Белград, демонстрантите влегоа во Скупштината

Во центарот на Белград во вторникот вечерта во тек е протест поттикнат од најавата за воведување полициски час кој претходно денеска го најави српскиот претседател Алескандар Вучич, а група демонстранти се пробија во Скупштината (парламентот) и во тек е интервенција на полицијата.

На почетокот се собраа неколку стотици демонстранти, а по мирниот протест дел од демонстрантите се судрија со полицијата и се пробија во парламентот.

Денонстрантите извикуваат „Апсете го Вучиќ“, а на полицијата која тргна во интервенција ѝ порачуваат „Одете на Косово“.

Според снимките објавени на телевизииите се гледа дека во голот на парламентот има неколку десетици демонстранти кои полицијата се обидува да ги потисне.

Протестот започна по 20 часот, кога беше блокиран сообраќакјот на раскрсницата пред зградата на српскиот парламент. Демонстрантите свиркаа, удираа во тенџериња, извикуваа „Косово е дел од Србија“, „Уа“ и „Ние тоа не госакам“, алудирајќи на враќањето на рестриктивните мерки во врска со повторното зголемување на бројот на заразените со коронавирусот последните две седмици.

На демонстрантите кои не одржуваат дистанца меѓу себе и без маски, им се обраќаа преку мегафони двајца учесници на протестот, еден кој ги повикуваше присутните да ги повикаат пријателите и познаниците да им се придружат, а вториот извикува дека не ги сака мерките и оти нема да го вакцинира своето дете, пренесува агенцијата Танјуг.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претјодно во вторникот најави воведување полициски час во Белград во текот на наредниот викенд.