(ВИДЕО) Ајкула меѓу капачите во популарен турски ресорт?!

На социјалните мрежи се појави видео од популарно турско одморалиште.

На видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи по нападот на ајкула врз две жени во Египет, може да се види риба како плива во плиткото и еден од капачите ја удира со нешто што изгледа како гребло.

По неколку удари, рибата – која личи на ајкула, а за која властите на Мармарис велат дека е морска игла – испливала подалеку од децата и капачите.

Се верува дека Средоземното Море, во близина на брегот на Мармарис каде што наводно е снимено видеото, е дом на 47 видови ајкули, вклучувајќи ја сината ајкула и големата бела ајкула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.