ВИДЕО| АБА Лига: МЗТ Скопје очекувано надигран од Црвена ѕвезда

Фото: МЗТ Скопје Аеродром/ Данаил Петровиќ

Кошаркарите на МЗТ Скопје впишаа нов пораз во регионалната АБА лигата, овојпат очекувано убедлив со 57:80 во пресметката со белградска Црвена ѕвезда, која настапува и во елитното континентално натпреварување.

МЗТ Скопје се надигруваше со големиот противник само во првите 20 минути, на одморот Црвена ѕвезда замина со само три поена разлика (36:33), но работите се променија во вториот дел.

Натпреварот беше решен во третата четвртина во која МЗТ Скопје успеа да постигне само осум поени, Црвена ѕвезда реализираше 27 и создаде убедлива предност која ја одржа до самиот крај.

Вер со 16 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје, Војдан Стојановски постигна 13. Факундо Кампацо со 23 поени беше убедливо најдобриот кошаркар на мечот.