(ВИДЕО) Џафери на Мицевски: Оди седи на твое место ако не си за тепање

Вистински хаос се случуваше за време на собраниската седница, кога координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара процедурално, но спикерот Талат Џафери не му дозволи.

Џафери побара да се гласа на дневен ред, иако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата.

Потоа се случуваше вистински хаос, а во еден момент Џафери му се развика на Мицевски.

„Оди седи на твое место ако не си за тепање“, му порача Џафери на Мицевски.

ВИДЕО: А1он.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.