ВИДЕО| Актерот Алек Болдвин пукајќи од реквизит на снимање филм уби снимателка

Истрелувајќи куршум од филмски реквизит, 68-годишниот актер Алек Болдвин на флимски сет во Ново Мексико во четвртокот ја убил снимателката Халина Хатчинс и го ранил режисерот Џоел Соуза.

Инцидентот се случил на снимањето на филмот „Rust“, се наведува во соопштението на канцеларијата на шерифот во Санта Фе

„Канцеларијтата на шерифот потврдува дека две лица се застрелани на снимањето на филмот ‘Rust“. Директорката на на фотографијата Халина Хатчинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48), се застрелани кога куршум од реквизит го истрелала продуцентот и актерото Алек Болдвин (68)“, се наведува во соопштението на полицијата.

Хатчинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот Њу Мексико во Албукерки, каде што е прогласена мртва, додека Соуза со амбулатно возило е однесен во регионалниот медицински центар „Кристус Сент Винсент“.

Болдвин во филмот го игра озлогласениот криминалец Харланд Раст, кој дознава дека неговиот вник тинејџер е обвинет за случајно убистви.

Пиштолот реквизите требало да биде наполент со празни патрони, но во шаржерот имало боеви куршуми. Во еден момент актертот истрелал од него и ги ранил двете лица.

Истрагата е во тек и засега не се откриваат околностите под кои пиштолот бил наполнет со боева муниција, како и причините поради коишто Болдвин стрелал во режисерот и снимателката. Портпаролот на полицијата на шерофот на округот Санта Фе, Хуан Риос, изјави дека сѐ уште не е покренато обвинение.

Халина (Галина) Хатчинс, како што се наведува на нејзината веб-странице, е родум од Украина и пораснала во поранешниот Советски сојуз. Дипломирала на Катедрата за меѓународно новинарство на Универизтетот во Киев, по што работела со британски документариски како истражувачка новинарка. Последните години живее во Лос Анџелес а како снимателка работела на филмовите „Darling“ (2019), „Nemesis“ (2020) и Blindfire (2020).