ВИДЕО| Активисти залеаја со пире слика на Моне во Потсдам

Активисти на еколошката протестна група Letzte Generation (Последното поколение) ја залеаја со густа жолта течност, веројатно компирово пире, во неделата сликата на францускиот уметник Клод Моне од серијата „Стогови“ во музејот „Барберини“ во германски Потсдам.

„Останува да се види дали и колкава е штетата нанесена на слога“, изјави за новинарите портпаролката на музејот Каролин Штранц додавајќи дека во инцидентот учествувале четири лица.

Посочи дека сликата била заштитена со стакло. Според Штанц, во музејот од пред неколку дена имале информации дека групата планира да изведе таква акција.

Од полицијата соопштија дека се приведени две лица кои се сомничат дека незаконски влегле во музејот околу 15 часот по локално време. Активистите ја полеале сликата и се залепиле за ѕидот покрај неа.

Активистите на Letzte Generation објавија на Twitter видео од инцидентот во музејот. Групата потврди дека станува збор за пире од компири и побара во објавата од германските политичари да преземат поефикасни мерки во борбата против климатските промени.

Активистите на еколошкото движење Just stop oil, кои со седмици протестираат во британската престолнина Лондон на 14-ти октомври ја полеаја со супа сликата „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент Ван Гог во Националниот музеј. Музејот подоцна соопшти дека платното, заштитено со стакло против обиди за вандализирање, не било оштетено.

Следниот дел активистите од истата група со портокалова боја го испрскаа излогот и фасадата на салонот за автомобили на концернот „Aston Martin“ во центарот на Лондон, а на 17-ти октомври го блокираа мостот на Елизабета Втора во областа Дартфорд Кросинг, поради што сообраќајот по една од клучните делници на М25, кружниот автопат околу Лондон, беше во прекин неколку часа.