(ВИДЕО) Албин Курти нападнат во Косовска Митровица

За време на партискиот собир на движењето Самоопределување (VV) во јужниот дел на Косовска Митровица, едно лице физички го нападнало и го навредувало лидерот на тоа движење, Албин Курти.

Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределениот и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, наведува приштински Klan Kosova.

Реагирал и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обидел физички да се пресмета со граѓанинот, користејќи пцовки.

Заминувањето на Вјоса Османи и Албин Курти на северот на Косово предизвика бројни проблеми и несогласувања. Претходно денес, претставниците на Демократската партија на Косово (PDK) реагираа со изјава во која сметаат дека лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти и в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи го нарушиле уставниот поредок на Косово со одење во Северна Митровица, со цел да соберат ефтини политички поени.

„Повеќе од една деценија Албин Курти зборуваше дека ‘ќе оди во Митровица’, воден од омраза да докаже дека државата Косово е неспособна и пропаднала. Тој се обидува да профитира политички на штета на институциите, а денеска ја посрамоти државата и сериозно влијаеше на достигнувањата во тој дел на Косово“, се наведува во соопштението на PDK, кое го пренесе приштински Gazeta Express

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.