ВИДЕО| Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на кобното снимање

686

Славниот холивудски актер Алек Болдвин тврди дека не го повлекол орозот на пиштолот со кој на снимањето на вестер-филмот „Rust“ беше убиена снимателката Халина Хатчинс, според делови од интервјуто кои наскоро ќе биде емитувано.

Станува збор за прво интервју на Болдвин во врска со кобниот настан од 21-ви октомври на ранчот „Бонанца Крик“ близу Санта Фе во сојузната држава Њу Мексико.

„Видете, чкрапалото не беше повлеченп. Јас не го повлеков“, му рекол Болдвин на новинарот на телевизиската мрежа ABC New, Џорџ Стефанопулос, според инсерти од разговорот објавени во средата.

„Значи, вие никогаш не го повлековте орозот?“, ги прашува Стефанопулос актерот во итервјуто коешто ќе биде емитувано во четвртокот.

„Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол во некого и би го повлекол орозот. Никогаш!“, одговора Болдвин.

Додава дека не му е јасно како вистински куршум се појавил на снимањето на вестернот. На сетот загина кинаметограферката Халина Хатчинс, а со истиот куршум беше ранет Џоел Соуза, откако според сведоците Болдвин истрелал при вежбањето извлекување пиштол.

Главното прашање и натаму останува како ткн „жив куршум“ завршил во пиштолот наместо маневарска муниција. Засега не е подогнато обвинение против никој.

Два члена на екипата покренаа граѓанска парница поврзана со несреќен случај, а продуцентот и уште неколку лица се товарат за негрижа.

Супервизорката Мејми Мичел во тужбата против Алек Болдвин, како продуцент, наведува дека според филмското сценариот од него не се барало да пука во спорната сцена.

Мичел, која ја повикала полицијата по трагичниот настан, во тужбата го изнесува тврдењето според кое Болдвин пукајќи од пиштолот во правец на Хатчинс се однесол непромислено и дека ги прекршил или занемарил другите безбедносни протоколи кога станува збор за боева муниција и оружје на филмски свет.

Таа смета дека Болдвин самиот требало да провери дали во пиштолот има боева муницијата ид ека не смеел туку-така да ја сфати изјавата на помошникот на режисерот Дејв Хол дека оружјето е „студено“, што во филмскиот жаргон значи дека не е наполнето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.