(ВИДЕО) Алиоски го постигна првиот гол во Премиер лигата

Езџијан Алиоски вечерва против Њукасл го постигна својот прв гол во Премиерлигата и тоа како фудбалер на Лидс. Крајниот резултат беше 5:2, а Џани беше стрелецот на четвртиот погодок. Ова е прв македонски гол во најсилната лига во светот по цели 22 години. Ѓорѓи Христов како фудбалер на Барнсли на 4 април 1998 година стрелаше, интересно исто на „Еланд Роуд“, против Лидс, а вечерва Алиоски стрела за Лидс и тоа против Њукасл.

Конечно по 22 години македонска гол радост во Премиерлигата.