(ВИДЕО) Алжир го освои Африканскиот куп на нациите

Фудбалската селекција на Алжир го совлада Сенегал со 1-0 во финалето на Африканскиот куп на нации и стигна до својот втор трофеј на африканскиот континент.

Ријад Марез и неговите колеги од националниот тим имаа многу среќа во 2 минута кога ударот на Бунеџах закачи еден од противничките дефанзивци и заврши во мрежата на Сенегал.

Алжирците ги издржаа нападите на Сенегал, во една ситуација противникот остана и без пенал по ВАР проверката, за на крајот да ја задржи минималната предност со голот кој го постигна од својот единствен сериозен обид и единствен удар кон голот на Сенегал, на натпреварот кој се играше во Каиро.