(ВИДЕО) Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс: Корупцијата е најголема пречка за напредокот на земјава

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнс, во ексклузивно интервју за ТВ Сител како најголема пречка за напредокот на нашата земја ја посочи корупцијата.

„Корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијата е толку клучна затоа што тоа е број еден препорака за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека многу е важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа, кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болници. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недоверба во општетсвото. Затоа, неопходно е сите партии, властите на сите нивоа, но и целото општество да се обединат и да се поттикне сеопфатна дебата за кроупцијата, а тука улога играат и медиумите, но и да се обединат во акцијата да се справат со корупцијата како одговор од целото општество, и да осигураат, бидејќи никој не е имун, дека секој има своја улога“, рече Брнс.

Таа се осврна на Преспанскиот договор. Порача да се донесе Законот за Јавното обвинителство пред распуштањето на Собранието.

Најавите за ревизија на Преспанскиот договор предизвикуваат загриженост. Граѓаните не треба да бидат збунети или заведени за тоа што се се ризикува со овој процес. Важно е да не се заборави дека добрососедските односи се предуслов за интеграција во евроатланските институции за членство во НАТО и ЕУ. Ние знаеме дека Преспа беше компромис, имаше тешки преговори кои подразбираа отстапки од двете страни. Но она што се направи со тој договор е откочување на патот за Република Северна Македонија за да стане сојузник на НАТО и да го продолжи патот кон ЕУ. Но уште поважно и помогна на државата да се придвижи напред од процесот на стагнација каде не можеше да се развива политички и економски со истата брзина како своите соседи, изјави амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Брнс.

„Не само што ЕУ го препознава значењето на одржувањето добри односи со соседите како дел од излегдите на Северна Македонија за ЕУ, туку навистина се работи за иднината на оваа земја. Многу е важно да не се загрозува оваа извонредна трансформација која се случува“, вели Брнс.

Во однос на добивањето датум за преговори со ЕУ, амбасадорката вели дека од клучно значење се фер и регуларни избори како и законот за ЈО со кој ќе се воспостави правната држава.

„Се надеваме на позитивен сигнал од ЕУ во следните недели и месеци. Апелираме партиите да ги надминат разликите за новиот закон за ЈО и тој да биде изгласан“, рече Брнс.

Брнс зборуваше и за членството во НАТО и притоа нагласи дека Македонија ќе може да ги фокусира своите безбедносни сили на специфични капацитети и да ги насочи своите ресурси за модернизирање на тие капацитети, како еден свој придонес, додека ги ползува придонесите и специјализраните капацитети на своите НАТО сојузници, кои сега ќе бидат посветени и на одбраната на Македонија.

Во продолжение погледнете  го целото интервју: