(ВИДЕО) Американците во неверување – патник претепа старица во метро, а никој не ѝ помогна

Брутален случај на насилство во метрото во Њујорк ги потресе САД. 36-годишен граѓанин, Марк Гомез, неколку пати ѝ нанесе удари на 78-годишна жена во главата и по телото.

Случајот е од 10 март, а настанот се одвива во близина на метро станицата во Бронкс. Од сѐ уште непознати причини, човекот започна брутално да ја удира старица, најмалку шест пати.

Уште повознемирувачка е реакцијата на останатите патници во возот. Тие не само што не се обиделе да го запрат агресивниот маж, туку ги извадиле телефоните и започнале да снимаат.

https://www.youtube.com/watch?v=SrYlfmEku3E

Видеото е објавено стотици пати во американските медиуми. Недостатокот на емпатија продолжува дури и откако напаѓачот го напушта возот. Жената патувала уште една станица, облеана во крв, и покрај тоа што повторно никој не се обидел да ѝ помогне, пишува „USA Today”.

„Немаше повици на 911 за инцидентот, во моментот кога се случил”, соопштија од полицијата. Истрагата за случајот започнала дури откако бил поднесен анонимен сигнал во полицијата, кој пак бил добиен откако видеото веќе било распространето на интернет. Во саботата напаѓачот беше уапсен.