ВИДЕО| Американска телевизија објави видео со терористите пред нападот од 11-ти септември

Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес Њуз првпат објави видео, на коешто како што се тврди, се снимени џихадистичките терористи вклучени во нападите од 11-ти септември 2001 година во САД.

Според прилогот на телевизијата, снимката била примена од британската полиција во англиски Бирмингем околу две седмици по нападите, но досега не била објавена во јавноста. На видеото се прикажани терирористите кои ги киднапираа авионите, а кои потоа ги урнаа во кулите близначки во Њујорк. Терористите беа идентификувани како Наваф ал-Хазми и Халид ал-Мидхар. Видеото било направено на настани опишан во безбедносните документи како забава во станот на терерористите во Сан Диего во февруари 2000 година.

На снимката од вечерата, според телевизијата, е забележан и саудискиот државјанин, Омар ал-Бајуми, осомничен за вмешаност во организирањето на терористичките напади. Објавениот материјал бил содржан во доказите подигнати во времето на апсењето на ал-Бајуми, помалку од две седмици по септемвриските настани. Подоцна тој бил ослободен.

На 20-годишнината од нападите на 11-ти септември, американскиот претседател Џо Бајден, исполнувајќи едно од своите предизборни ветувањата му наложи на министерството за правда и другите вклучени агенции да направат ревизија на низа документи и во рок од шест месеци да ги објават декласифицираните информации. Многу скоро потоа американското Федерално биро за истраги (ФБИ) на својата веб-страница го објави првиот од декласифицираните документи за терористичките акти.