(ВИДЕО) Американските и ирачките бомбардери разорија остров крај Ирак, засолниште на џихадистите

Остров во Ирак на кој засолниште прибежиште нашле терористите на Исламска држава беше уништен во вторникот вечерта со речиси 36 тона бомби исфрлени од американските и сојузничките воени авиони, пренесува порталот Breitbart News.

Драматичните воздушни снимки покажуваат повеќе експлозии додека бомби паѓаа врз островот Канус проследени со огромни облаци во форма на печурки над реката Тигар.

Американските „F-15 Strike Eagle“ и „F-35A Lightning II“ летале заедно со авионите на ирачкото воздухопловството за да ја уништат целта во провинцијата Саладин во операција за уништување на голем терористички транзитен центар од Сирија и од пустината Јазеира во Мосул, Махмур и Киркук во Ира.

Островот Канус е во близина на оперативната база на САД во Кајајара.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.