(ВИДЕО) Антивладините протести го одбележаа националниот празник на Бугарија

(Фото: Бгнес)

Најмалку десет илјади луѓе се собраа во вторникот во Софија на 112-годишнината од независноста на Бугарија, барајќи „независност од мафијата“ и оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител, кои ги обвинуваат за врска со олигарсите.

На антивладините протести кои се одржаа во вторникот во повеќе бугарски градови, според информациите на медиуми, се собрале вкупно неколку десетици илјади луѓе, а во Велико Трново во текот на говорот на претедателката на парламентот Цвета Карајанчева по повод Денот на независноста извикувале „Оставка.

„Оставка!“ и „Мафија!“ извикувале и демонстрантите во Софија, меѓу кои според медиумските извештаи забележливо било присуството на млади лица, правејќи заглушувачка бука пред зградата на владата.

„Тврдоглаво сум упорна за тоа својот живот да го изградам во Бугарија, иако повеќето мои колеги сакаат да ја напуштат земја штом ќе дипломираат“, изјави во приголот на јавниот телевизиски сервис студентка по медицина во Софија.

Такнарачениот „траиаголник на власта“ во Софија, каде што се сместени седиштето на шефот на земјата, на владата и парламентот, беа чувани од три кордона полиција врз кои демонстрантите фрлале петардии други предмети.

Секојдневните протести против корупцијата се одржуваат во Софија последните два и пол месеца, и во нив учествуваат граѓани од различни социјални словеви и различни политички определувањеа, барајќи „живот според европските стандари“.

Најсиромашната земја во Европската унија, Бугарија според показателот на индексот на корпцијата на Transparency International, е истовремено и нејзината најкорумпирана челка.

Премиерот Бојко Борисов, кој е на власт речиси десет години и чиј мандат истекува во март, одбива да поднесе оставак под изговор дека е загрижен за безбедноста на земјата во контекстот на здравствената и економската криза предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Тој на социјалните мрежи во вторникто објави дека „До успехот се доаѓа со дијалог, а не со конфронтации“.

Претседателот Румен Радев, кого го поддржуваат опозициските социјалисти, им го честиташе Денот на независноста на „разбудените граѓани коишто укажуваат на моралното прошаѓање“.