24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ВИДЕО) Јанушев: Се обидуваат на незаконски начин тука да отворат албанска паралелка во Чашка

Заедно со жителите на Општина Чашка ги слушаме проблемите со кои што овие луѓе мораат да живеат секојдневно, рече Игор Јанушев – генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што можеме да го видиме е дека буквално нити едно од ветувањата на градоначалникот не е исполнето овде на локално ниво. Немаме нити патишта, нити водоводи, нити канализации, можеби нереалните ветувања за базен и спортски игралишта исто така не само што не се започнати туку воопшто не се ни планирани.

Меѓутоа како што многу пати во минатото имаме кажано воопшто не не изненадува бидејќи се за што ги бива овие од криминално рекетарската банда на Заев е да лажат и ништо друго. Она што исто така значајно да се напомене за општина Чашка е обидот за манипулација со граѓаните со отворање на новата таканаречена албанска паралелка каде што на еден криминален начин насилнички, како што само они знаат, пробуваат без воопшто да се донесе одлука на Советот на Општина Чашка односно воопшто да не дојде до гласање да протуркаат една идеа која може да биде само за дневна политика.

Имено учениците кои живеат во неколку села во околината на Чашка наместо да бидат упатени во најблиските училишта кои што се наоѓаат на помалку од 2 километри патување, тие се обидуваат на еден перфиден начин преку таканаречена злоупотреба на децата да ги носат на повеќе од 7 километри во едно школо, без притоа да се запази нити една од законските процедури  кои што нормално важат при вакви одлуки.

Токму затоа ги повикуваме граѓаните да ги соопштат своите проблеми, а ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска тие проблеми да ги забележиме и за истите да понудиме решенија во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Она што можам уште еднаш да напоменам е дека Зоран Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.