(ВИДЕО) Јапонски „Sony“ го претстави својот прв смартфон со поддшка на 5G

Јапонската електроничка корпорација „Sony“ го презентираше во понеделникот моделот „Xperia 1 II“, кој е нејзиниот прв паметен телефон кој ги поддржува стандардите на најновата генерација мобилни мрежи 5G.

„Xperia 1 II е создаден за брзина. Овој модел е совршена мешавина од технологиите на Sony и 5G”“, рече претседателот на „Sony Mobile Communications In“, Мицуја Кишида на презентацијата која беше пренесувана на официјалниот компаниски канал на YouTube.

Јапонски „Sony“ и германската компанија специјализирана за оптика ZEISS договориле проширување на меѓусебната соработка, поради што новиот уред е опремен со напредна камера со три објектива, калибрирани специјално за моделот Xperia 1 II. Антирефлексивната обвивка (T-Star) ќе го зголеми квалитетот на сликата.

Според челникот на „Sony Mobile Communications Inc“, новиот производ ќе ги задоволува барањата, во прв ред, на љубителите на добрата фотографија. Ова е првиот паметен телефон во светот кој има можност за континуирано снимање со брзина од 20 кадри во секунда при следење на режимот на автофокус и експозиција (AF/AE). Телефонот Xperia 1 II, исто така, континуирано го пресметуива автоматскиот автофокус и автоекспозиција со честина до 60 пати во секунда. Новиот алгоритам за точноста и изведбата на автоматскиот фокус овозможува да се направат јасни фотографии дури и на објекти кои се во движење.

„Автоматскиот фоукс во реално време ќе ви овозможи да фотографирате не само луѓе, туку и животни, а со моќноста и ќе можете да ги споделите на социјалните мрежи снимките од среќните моменти во животот многу побрзо и полесно“, истакна Кишида.

Телефонот Xperia 1 II ќе има 6,5-инчен OLED дисплеј 4K HDR CinemaWide со кинематографски сооднос на страните 21:9 и ќе ја поддржува технологијата за намалување на замаглувањето во движење. Исто така, го намалува доцнењето меѓу кадрите, а со тоа се зголемува јасноста на сликата.

Паметниот телефон има целосни фронтални стерео звичници со звук „Dolby Atmos“, технологија која е разработена во соработка со стручњаците на „Sony Pictures Entertainment“, и го поддржува форматот 360 Reality Audio. Музиката создадена во овој формат може да се слуша со користењето на услугата Tidal.

Јапонскиот производител во понеделникот претстави уште два новитета, Xperia Pro и Xperia 10 II. Првиот модел ги има истите карактеристики како и а Xperia 1 II, а вториот е опремен со три модуло на камери и шестинчен OLED екран со резолуција Full HD+. Покрај тоа, корпусот на моделите ќе биде воотпорен.

Почетокот на продажбата на новиот Xperia 1 II е планиран за оваа есен. Информации за цената на овој паметен телефон сѐ уште не се дадени.

https://www.youtube.com/watch?v=EMqgyJjrY8k&feature=emb_title