ВИДЕО| Џастин Бибер порача дека закрепнува од делумната парализа на лицето

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер објави дека боледува од вирус кој предизвикал парализа на половина од неговото лице, поради што морал да откаже неколку настапи за да се посвети на закрепнувањето.

Во видеото коешто во петокот го објави на Instagram, Бибер наведува дека му е дијагностициран Ремзи-Хантовиот синдром, кој погодил нерви во увото и на лицето. Пејачот опиша дека неговото десно око воопшто не трепка.

Дваесет иосумгодишниот пејач вели дека на едната страна од лицето не може да се насмее и оти едната страна од лицето му е „целосно парализирана“.

Наведе дека моментално физички не е во состојба да ги одработи планираните настапи, како и дека прави вежби за лицето за што поскоро да закрепне.

„Сѐ повторно ќе биде во ред, прашање на време е, само што не знаеме точно колку“, порача Бибер.

Бибер се прослави уште на 13-годишна возраст кога стана глобална поп-сензација со хитовите „Baby“ и „Believe“. Двапати ја доби престижната музичка награда Греми од вкупно 22-те номинации, меѓу кои се и за албум и песна на годината за годинешниот проект „Peaches“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.