(ВИДЕО) Авион на „Air Canada“ по повеќечасовно кружење успеа да слета во Мадрид

Авион од типот „ Boeing 767-300“ на канадската воздухопловна компанија „Air Canada“ со 128 патници безбедно во понеделникот се врати на мадридскиот аеродром „Барахасс“, откако пријави проблеми со моторот и пукнување на гумата при полетивањето, поради што со часови кружеше над шпанската престолнина за да го потроши горивото и да изведен принудно слетување.

Авионот безбедно слетал, четири часа откако полетал од истиот аеродром на летот АК837 кон Торонто, во 14.55 часот по локално време.

„Авионот слета без инцидент и механичарите ја проучуваат неговата состојба за да утврдат како е најдобро да се истоварат патниците“, соопшти на Twitter операторот со мадридскиот аеродром AENA.

„Авионот Boeing 767-300 е дизајниран да може да лета со еден мотор и нашите пилоти се потполно спремни за таа можност“, соопштија од „ Air Canada“.

Авионот, според специјализираните мрежни страници за следење на цивилниот воздушен сообраќа, е стар 30 години.

Истиот мадридски аеродром претходно во понеделникот бил затворен околу еден чес, откако во негова близина биле регистрирани беспилотни летала, пишува весникто El Pais.