(ВИДЕО) Авион слета во поле со пченка по ‘судар’ со јато птици во Русија

Во Русија во четвертокот се случи „чудо“ во успешното слетување на патнички авион со 223 патници и 11 членови на екипажот Airbus 321на поле со пченка во предградие на Москва, откако при полетувањето удрил во јато птици.

Министерството за здравство објави дека се повредени 23 луѓе, но дека нема загинати кога авионот од типот на „Airbus А321“ на воздухопловната компанија „Уралски авиолинии“ на летот од Москва за Симферопол на Крим. Авионот слетал на поле југоисточно од Москва, откако кусо по полетувањето се судрил со јато галеби од кои многу завршиле во неговите моторите и предизвикале нивен дефект.

Државната телевиија овој маневар го нарече „чудото над Раменск“, алудирајќи на квартот во московската област во кој авионот слетал, околу еден кулометар од меѓународниот аеродром „Жуковски“.

Руските медиуми го прогласиле пилотот Дамир Јусупов херој, а многи го споредуваат овој чин со слетувањето на авионот на „ U.S. Airways“ на реката Хадсон во 2009 година. Американскиот авион тогаш удри во јато гуски.

При слетувањето на рускиот авион моторите биле изгасени, а тркалата не биле исфрелни надвор.