(ВИДЕО) Авион со запален мотор принудно слета на Тајланд

Патничкиот авион „Airbus A320“ на талјандската нискобуџетна воздухопловна копманија „Air Asia“ изврши принудно слетување на главниот меѓународен аеродром на Малдивите, дваесетина минути по полетувањето од истиот аеродром поради пожарот во еден од моторите, а нема настрадани меѓу патниците и членовите на екипажот.

Како што пренесе во саботата Третиот национален телевизиски канал на Тајланд, инцидентот се склучил ноќта кон петокот, но информацијата за тоа талјандскиот оддел за цивилно воздрухопловство ја објавил дури во саботата, откако авиокомпанијата добила извештај за несреќата, што според меѓународните прописи мора да биде поднесен во рок од 72 часа по настанот.

Авионот „Аirbus A320“ со 58 патници и членови на екипажот, полетал во четвртокот ноќта од аеродромот на малдивската престолнина Мале кон Бангкок, придно слетал само со помош на едниот – левиот мотор, 22 минути по полетувањето поради пожарот на десниот мотор, се наведува во извештајот на телевиијата. На огнот му претходеле две моќни експлозии, го згрмеле веднаш по одлепувањето на авионот од пистата при што искрило од моторите. Експлозиите ги слушнале и патнциите во авионот, а многу од нив го виделе и пламенот.

Огнот на моторот на авионот можел да се забележи и од земјата, а во извештајот на телевизијата е емитувани и видео снимено од земја со паметен телефон. На снимките јасно се забележува избувнување пожар на десното крило на авионот, веднаш по полетувањето и како леталото се искачува во височина со запален мотор.

Пилотите, за кои се наведува дека постапиле точно според упатствата за вакви ситуации, успеале да го изгласнат пожарот откако доспеале до одредена височина и целосно го изгасиле десниот мотор, а потоа го спуштели со едниот работен мотор назад кон пистата.