(ВИДЕО) Австралиец брутално претепал полицајка поради карантинот

Австралиец на возраст од 43 години брутално претепал полицајка во сиднејското предградие Бенкстаун додека таа се обидувала да го натера да оди дома поради строгите мерки.

Инцидентот бил снимен, а почнал откако полицајците го виделе човекот како стои на улица и го замолиле да замине. На видеото се гледа како човекот ја удира и шутира полицајката, додека нејзината колешка повикува помош.