(ВИДЕО) Австралиската полиција трага по крадец кој со јадица украл скапоцен ѓердан

39

Австралиската полиција во четвртокот започна потрага по проќелав провалник кој за скапоцен ѓердан на „Версаче“ од кукла во една од јувелирниците во Мелбурн употребил рибарска трска.

Кражбата била изврпен ноќта кон 24-ти февруари во улицата „Литл Гордон“ во центарот на Мелбурн, соопшти полициската портпаролка.

„Сѐ уште сме во потрага по осомничениот… Ова е веројатно првиот случај крадецот да украде ѓердан со помош на рибарска трска“, рекла.

На снимките од безбедносните камери се гледа како сѐ уште неидентификуваниот сторител со рибарска трска го „лови“ ѓерданот од куклата во излогот на продавницата. Полицијата верува дека крадецот прво направил дупка во стаклото а потоа низ неа ја протнал трската.

Стивен Адиграти, сопственик на продавницата за накит „Le Style“ за австралиската телевизиска мрежа ABC News изјавил дека е изненаден од „неверојатната и смела“ кражба.

Додал дека крадецот можеби не знаел оти ѓерданот со злаетен медалјон на кој е главата на древногрчкото митско суштество Медуза, е релативно евтин, и дека чини околу 700 австралиски долари.

„Изгледа дека крадецот ѓерданот го ловел околу три часа“, објави полцијата. Минал три и пол часа за со помош на две рибарски трски да дојде до накитот и на крајот успеал, но зад себе оставил трага – јадицата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.