(ВИДЕО) Австралиски сенатор со шлаканици возврати на напад со јајце

Тинејџерот кој беше физички нападнат откако со јајце го напдна австралискиот сенатор од крајната десница Фрејер Енинг нема да се жали поради двојниот удар во главата, соопшти адвокатот на седумнасетгодишникот.

Питер Гордон, кој доброволно го застапува тинејџерот кој со јајце го нападна сенаторот Енинг во моментот кога овој даваше изјава, рече за австралиската мрежа ABC, и дека со видеото од овој инцидент се собирани средстава кои ќе одат на сметка на жртвите од нападот врз двете џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во кој австралискиот екстремист Брантот Тарант уби педесет лица. Преку интернет, веќе биле собрани 57.000 долари.

Инцидентот се случил во саботата на политички собир во Мурабин, во југоисточниот дел на Мелбурн, а полицијата го истражува настанот „потполно“, вклучително и акциите на тинејџерот, сенаторот Енинг и другите лица.

„Истрагата сѐ уште е во тек“, се вели во соопштениетпо на полицијата на сојузната држава Викторија. Полицискиот портпарол потврдил дека полицијата ќе бара изјава од жртвата, со цел да поднесе обвинение за „напад кој не предизвикал сериозни повреди“.