ВИДЕО „Азбуката на Биби“ достапна за децата, следуваат нови епизоди

Од синоќа родителите и своите деца можат заеднички да ја учат македонската азбука, раскажана од новиот анимиран лик Биби.

Тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк ја започнаа кампањата „Со Биби на македонски е поубаво“, која се состои првично од пет видеа.

Низ едноставни примери со најчесто користени зборови Биби ги учи децата како правилно да го зборуваат македонскиот литературен јазик.

Oд работите што Биби ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини. На 21 октомври, во терминот од 19 часот на нејзиниот Јутјуб канал ќе биде објавена првата сказна на Биби – „Биби и животните“, а наскоро ќе биде промовирана и сликовницата на Биби.

Во тимот учествуваат и илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.