Видео| Бајден нема да оди, па ќе оди во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Џо Бајден, како што најави Белата куќа, ќе ги посети Саудиска Арабија и Израел следниот месец, а за посетата се планира официјално да се објави оваа недела, јавија американски медиуми.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД потврди дека Бајден планира патување во Израел и Саудиска Арабија, а целта на посетата би била зајакнување на врските со Саудиска Арабија во време кога Бајден се обидува да најде начин да ги намали цените на бензинот во САД.

Во изјава за новинарите, Бајден прво рече дека нема да ја посети Саудиска Арабија за да бара повеќе нафта, а неколку секунди подоцна изјави дека планира патување таму.

„Дали решивте да одите во Саудиска Арабија или не?“, го праша Бајден еден новинар.

„Не, сè уште не“, одговори тој.

Неколку моменти подоцна, додека Бајден даваше изјави на пистата во Лос Анџелес, изјави дека ќе оди во Саудиска Арабија .

„Што би го спречил состанокот во овој момент? Дали очекувате нешто од Саудијците?“, го запраша еден новинар.

„Тоа ќе биде поголем состанок кој се одржува во Саудиска Арабија. Затоа и одам. Тоа има врска со националната безбедност на Израелците“, додаде тој.