(ВИДЕО) Бајден: Полицајците треба да пукаат во нога, а не во срце

Полицајците, кои отвораат оган врз луѓе што претставуваат опасност, треба да им пукаат во нога, а не во срце, изјави поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Според него, полицајците треба да научат на пукаат „во нога, а не во срце“, доколку им се приближи човек „со нож или нешто слично“.

Демократскиот кандидат за американски претседател ова го изјави за време на состанокот со лидерите на христијанските општини во државата Делавер.

Претходно Бајден изјавуваше дека треба итно да се усвои закон за забрана на полицајците да користат методи на задушување.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп смета дека Бајден е премногу слаб „да ги победи антихристите, крадците и оние кои создаваат немири“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.