(ВИДЕО) Баерн Минехн „прокоцка“ два бода против Вердер

Фудбалерите на Баерн Минхен, неочекувано, не дојдоа до планираните три бода во пресметката на домашен терен против Вердер (1-1), но и покрај тоа остануваат лидери на табелата, барем до средбата која најголемиот ривал Лајпциг подоцна ќе ја одигра против Ајнтрахт Франкурт (18.30 часот).

Баварците одиграа далеку под своите можности, примија гол во финишот од првото полувреме, па потоа само делумно се спасија. Егштајн во 45. минута го изненади Нојер, додека Коман изедначи во 62. минута. Иако сите очекуваа Баерн Минхен да постигне уште некој погодок до крајот, тоа не се случи, а гостите лесно можеа да си заминат и со полн плен, со оглед што имаа две одлични шанси во контранапади. За Вердер тоа беше петти меч по ред одигран со идентичен резултат.

На домашен терен киксна и Борусија Менхенгладбах која одигра нерешено со Аугсбург (1-1), иако скоро половина час играше со играч повеќе. Волфсбург, пак, ја продолжи кризата во Шалке, победувајќи како гостин со 2-0. Фудбалерите на Баер Леверкузен единствени ја потврдија фаворитската улога на гости кај Арминија Билефолд (2-1), додека Хофенхајм и Штутгард одиграа со многу голови (3-3).