(ВИДЕО) Баерн сигурен против Хофенхајм, два гола поништени со ВАР

219

Со натпреварот меѓу Баерн и Хофенхајм на „Алианц Арена“ во петокот вечерта започна германското фудбалско првенство, а бранителот на титулата стартуваше со победа 3:1 (1:0).

Баерн дојде во водство во 23 минута, која удар од аголот изведе Џошуа Кимих, а со пет метри со глава во празната мрежа биеше Томас Милер. Во 57 минута унгарскиот напаѓач Адам Салаи откосо од десната страна од десет метри го погоди спротивниот агол од голот на Баерн и им донесе изедначување на гостите.

Сѐ до десет минути пред крајот Хофенхајм имаше бод, а потоа Баерн постигна четири гола од кои два беа поништени со ВАР Технологијата.

Во 79 минута Франк Рибери избори пенал, кој го изведе Роберт Левандовски, чиј удар го одбрани гостинскиот голман Бауман. Но на одбиената топка натрча Арјен Робен и ја спроведе во мрежата. Холанѓанецот, сепак, прерано влегол во казнениот простор па по прегледување на снимката судијата Данкерт одлучи да го поништи погодокот и покажа дека Левандовски ќе го повтори изведувањето на пеналот, а Полјакот во вториот обид беше успешен за 2:1.

Во 87 минута Баерн постигна нов гол, но судијата повторно бараше помош од ВАР технологијата. Шутот на Робен ги погоди Томас Милер и топката заврши во мрежата. Но топката се одбила од раката на Милер и Данкерт повторно оправдано го поништи голот.

Сепак, во 90 минута Робен конечно се впиша во листата на стрелците. Беше одлично проигран од Милер во шеснаесетникот, а холандскиот интернационалец од пет метри ја заби топката под пречката за крајните 3:1.

Во сабота на распоредот се шест натпревари од првото коло: Фортуна Диселдорф – Аугзбург, Фрајбург – Ајнтрахт, Херта – Нирнбер, Вердер – Хановер, Волсфбург- Шалке и Борусија Мегденхладбах – Баер Леверкузен.

Во недела колото ќе го затворат Мајнц – Штутгарт и Борусија Дортмунд – РБ Лајпциг.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.