Ѕвездата на филмовите на „Дизни“ и контроверзна актерка, Бела Торн, објави кратка најава за песната „Shake It“, а сцените од спотот ги ‘запалија’ социјалните мрежи.
Во спотот кој треба да биде објавен утре, Бела се гали со актерката од филмови за возрасни, Абела Дејнџер.
„Се забавував снимајќи го ова видео“, напишала Бела Торн покрај објавата на Инстаграм.
Објавила и видео во кое тие две се бакнуваат во базен, а за помалку од 24 часа го погледнале повеќе од 6 милиони корисници.
Кон крајот на минатата година, Бела, која е режисерка и пејачка, го сруши рекордот на познатата платформа наменета за возрасни. Имено, таа отворила профил на „OnlyFans“, каде објавува провокативни фотографии со своите следбеници, кои за тоа мора да платат.
Актерката за само 24 часа од отворањето на профилот заработила повеќе од милион долари, а тоа е новиот рекорд на оваа платформа.
Најавила дека профилот ќе го користи за хуманитарни акции, но и за создавање на новиот филм на кој работи, во соработка со Шон Бајкер.
„Тоа е нешто што моментално го истражуваме. Кои се предностите и маните на платформата? Каква е врската помеѓу реалниот живот и животот на OnlyFans? Колку може да ви го промени животот на подобро или полошо? Колку далеку сте спремни да одите?“, ги објаснила Бела своите намери.