ВИДЕО| Белорусија вети „остар“ одговор на секаков напад, на вежбите загинаа двајца руски војници

Белорусија предупреди во петокот дека „остро ќе одговори“ на секој напад насочен против неа и предупреди на дополнително распоредување бројни единици на полската армија на заедничката граница, во екот на миграциската криза и ескалацијата на долгата тензија меѓу Западот и Минск.

„Се чини дека нашите сосеdи на Западот, особено Полска, се подготвени да покранат конфликт во кој сакаат да ја вовлечат Европа“, изјави белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин во видео-порака.

Белорусија уште од ланското лето по протестите на опозицијата во земјата против повторниот избор на претседателот Александр Лукашенко предупредува на зголемено воено присуство на нејзините граници со балтичките земји членки на НАТО и континуирани воени вежби и раздвижувања на единици на Алијансата

„Белоруските воени сили се подготвени остро да одговорат на секој напад“, предупреди министерот Кренин.

Околу три илјади мигранти од Блискиот исток, главно Курди, кои сакаат да влезат во ЕУ со денови се блокиран на белоруска територија на границата со Полска. Поради тоа, Варшава во таа област распореди дополнителни 15.000 војници, системи за противвоздушна одбрана и тешко вооружување. Во петокот британското министерство за одбрана потврди дека испраќа своја единица на полско-белориската граница, која наводно треба да го процени градењето на пограничниот ѕуд и бодликавата жица.

Европската унија, којашто ја обвинува Белоруска дека наводно го организира овој минорен мигрантски прилив во споредба со брановите од пред пет годнини мигранти кога милиони бегалци и мигранти влегова во Европа, како и секојдевните минувања на стотици мигранти преку Средоземното Море, сега се заканува дека ќе воведе петти круг санкции против Минск кои може да бидат објавени веќе следната седмица.

„Неприфатлив е јазикот на ултиматими, закани и уцени… Обидите да нѐ заплашат или обвинат без основи нѐ присилуваат соодветно да реагираме на оваа ситуација“, предупреди белорускиот министер за одбрана и додаде дека „белоруските сили можат да ја гарантираат безбедноста на земјата, доколку е потребно и со главниот стратешки сојузник Русија“.

Претходно во петокот белоруската и руската војска објавија дека извеле полудневна заедничко воздушно-десантна вежба на западот на Белорусија, во правец кон границата со Полска. До вечера руските војници се вратија во своите бази во Русија.

Белорускот министерство за одбрана наведе дека тактичка падобранска единица на двете земји ја изведе вежбата во околината на Гродно. Додаде дека во вежбата учестуваат руски транспортни авиони од типот „Ил-76“ и белоруски борбени хеликоптери.

„Руските и белоруските падобранци по скоковите изведуваат низа борбени вежби кои опфаќаат заземање и задржување на позициите, потрага по и ликвидирање цели“, се наведува во соопштението на Минск.

Руската војска, пак, објави дека станува збор за „ненајавена проверка“ на подготвеноста на споменатите единици или вкупно 250 војници, како и дека била исполнета целта на вежбите и оти руските војници се враќаат во земјата.

Вечерта во петокот, по информирањето на семејствата, руското министерство за одбрана објави дека двајца руски војници загинале при изведувањето десантен скок во текот на ненајавената проверка на борбената готовност во Белорусија.

„Како резултат на ненадеен силен налет на ветер близу земјата откажаа падобраните на двајца војници по договор кои имаа вискоки квалификации за инструктори за падобранска обука. Куполите на двата падобрана се накривија и вплеткаа… И покрај напорите на лекарите, двајцата војници починаа од здобиените повреди“, се наведува во соопштението во кое се додава дека војниците итно биле пренесени во медицинска установа.

Притоа еден од двајцата војници кои загинале во десантот крај Гродно се обидел да ги спаси и двајцата и со резервниот падобран да го забави падот, се истакнува во соопштението на руското министерство за одбрана.