(ВИДЕО) Безредија поради евакуацијата на Украинците од Вухан

. (AP Photo/Efrem Lukatsky)

Десетиците Украинци кои се евакуриан од кинескиот град Вухан, жариштетот на епидемијата од новиот сој коронавирус, во четврвтокот во татковината ги дочека гневна толпа која кршеше прозорци на автобусите во кои беа сместени, соопшти тамошната полиција.

Стравувајќи дека патниците ќе го донесат опасниот вирус од кој починаа над две илјади луѓе во Кина, стотици луѓе од кои некои вооружени со стапови камења, протестираа против нивното враќање во Нови Санжари во централната Полтавска област, покажуваат снимките емитувани на украинските телевизии.

Масата се судри со полицијата, палеше гуми и фрлаше камења врз конвојот автобуси кој ги превезуваше евакуираните во санториум во Нови Санжари.

По судирите неколку полицајци и демонстранти останале да лежат на земјата, пренесува агенцијата Reuters . Прозорците биле искршени на најмалку два автобуса, но успеале да ги превезат евакуираните до санаториумот.

Сите 45 Украинци кои се вратиле со џартер лет од Вухан заедно со 27 други странски државјани во четвртокот, ќе останат во карантин следните две седмици, изјавија украинските власти.