(ВИДЕО) Билборд ја прогласи Карди Би за жена на годината, затоа многумина се бесни, а музичарите лути

Познатото списание „Билборд“ ја прогласи раперката Карди Б за жена на годината, а наградата ќе ѝ биде врачена во декември.

Меѓутоа, оваа вест не им се допаднала на сите. Имено, некои веруваат дека Карди, која оваа година издаде само една песна, не ја заслужила таа титула. Сепак, важно е да се нагласи дека песната што ја издаде воедно е и еден од најголемите хитови оваа година. Станува збор за песната „WAP“ којашто таа ја објави во дует со Меган Ти Сталион.

„За сите вие коишто се имате забелешки дека имам само една песна. Да, ја имам таа една песна. Сите ја знаете. Тоа е онаа што најмногу се продаваше, најмногу стримуваше, за која републиканците лелекаа на „Фокс њуз “… И да, јас ви велев да гласате, и тоа не само кога Бајден се натпреваруваше против Трамп, ве предупредував за сенаторите… Трошев свои пари за средби со луѓе како Берни Сандерс. Патував, уморна после концертите. Да, тоа сум јас“, порачала Карди во видеото што го објави на Инстаграм.

Покрај наградата Жена на годината, „Билборд“ ќе ја додели и наградата за Икона, на онлајн наградите во декември на музичарките Дуа Липа, Џеси Рејез, Доли Партон и Џенифер Лопез.

Песната „WAP“ предизвика бројни реакции веднаш штом беше објавена во август, а многумина веќе ја нарекоа најконтроверзната песна на годината. „WAP“ всушност е кратенка за „Wet Ass Pussy“, а покрај експлицитните стихови, вниманието го привлече и видеото кое изобилува со сексуалност. Во видеоспотот се појавува и старлетата Кајли Џенер. И додека некои се згрозени од последното дело на раперката Карди Б, други тврдат песната ја слави и охрабрува женската сексуалност и феминизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.