ВИДЕО: Бизарен секс – Додека ја губела невиноста девојката го пробила ѕидот со глава

Првото сексуално искуство е незаборавно, а дефинитвно ќе го памети млада девојка од Америка која за малку ќе го загубела и животот додека ја губела невиноста.

Малку недостасувало Грег Касарона, 29 – годишно момче кое тежи 200 килограми, да ја убие својата девојка Џен Геракис и тоа за време на првиот сексуален однос.

Момчето и девојката воделе љубов на кревет во собата на Џен во домот на нејзините родители во  Лонг Ајленд. Во занес на страст, среде секс, главата на Џен буквално го пробила ѕидот.

„Прво што помислив беше – леле ја убив. Прв пат имам  секс и Џен е мртва“, изјавил Касарона.

Но, во тој момент Џен го погледнала и го прашала зошто запрел. Сепак, Грег ја однел неговата девојка во болница каде што е констатирано дека имала потрес на мозокот.

Оваа бизарна, но вистинита приказна е дел од новите епизоди на серијата што се емитува на TLC под наслов „Поради секс завршиле на ургентен“.

Ова се случило кога Грег и Џен имале по 22, односно 21 година. Тие останале уште четири години во врска, а според Грег, кога и да воделе љубов, биле подалеку од ѕид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.