(ВИДЕО) Блиндираниот автомобил на Бајден заглави во блокираниот Лондон

Американскиот претседател Џо Бајден „заглави“ во сообраќајниот метеж со лимузината додека одеше кон Вестминстерската опатија.

Блиндираниот автомобил на американскиот претседател, наречен „Ѕвер“ се заглави во сообраќајот во центарот на Лондон, при што американскиот претседател и првата дама насмеано мафтаа кон толпата.

Повеќе од 500 шефови на држави и достоинственици денеска дојдоа во Вестминстерската опатија за да ѝ одадат почит на кралицата.

Многумина од нив отпатуваа до црквата со специјални автобуси за да го избегнат сообраќајниот метеж, но американскиот претседател доби специјална дозвола од Стејт департментот да присуствува на погребот со неговата лимузина отпорна на куршуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.