(ВИДЕО) БМВ демолирано по удар во столб кај стоковната куќа „Мост“

Возило марка „БМВ“ вечерва удрило во метален столб под старата стоковна куќа „Мост“ во Скопје, по што возилото е тешко оштено, а засега не е познато дали има настрадани.

Засега нема пријавено повредени, соопштија од Министерството за внатрепшни работи.

Поради тоа дел од сообраќајот се пренасочува, но се очекува за кратко време да биде нормализиран, велат уште од МВР.