(ВИДЕО) Бoки 13 oткpи штo нocи во тopбата Луј Витон

Бојан Јовановски попознат под прекарот Боки 13 ексклузивно за Инфомакс отрки што однесе денеска во Основното јавно обвинителство.

Повеќе од 5 часа, Јовановски ги образложуваше неколкуте кривични пријави кои ги достави до ОЈО претпаднево. Од она што ни го откри неговиот адвокат е дека пријавите се против неколку високи државни претставници, но се однесуваат и на лекарски персонал.

Јовановски во обвинителството пристигна со полициско обезбедување, но и торба марка Луј Витон налик онаа која што е позната поради случајот „Рекет“.

На излегување од обвинителството екипата на Инфомакс, го запраша Јовановски што носи во својата торба, по што тој накратко тој одговри „докази, само докази“, притоа напоменувајќи колку тежи торбата која тој ја носи.

Неговото здравје е видно нарушено како што можете да забележите и од снимката, тој едвај се движи дури и со помош на бастум.

Претходно Јовановски директно ги посочи Зоран и Вице Заеви како луѓето кај кои завршиле рекетираните пари. На прашање на Инфомакс упатено до неговиот адвокат Сашо Дуковски дали против Заеви, Јовановски поднел кривична пријава тој потенцираше дека не може да открива повеќе детали иако не демантираше.

Претходно српскиoт медиум Курир објавуви ексклузивни детали за случајот „Рекет“.

Како што наведуваат, Боки 13 во полиција изјавил „Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“.

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

За крај логично се поставува прашањето дали доказите против Заев завршија во скопското обвинителство?