ВИДЕО| Болдвин се залага за ограничување на употребата боева муниција на филмските сетови

Американскиот актер Алек Болдвин, кој случајно ја застрела директорката на фотографија на снимањето на вестернот „Rust“ чиј продуцент е, изјави дека се залага за ограничување на употребата на вистинската муниција при снимањето на филмовите, а видеозаписот од разговорот на актерот со новинарите го објави во саботата интернет таблоидот TMZ.

„Никако не можам да коментирам за текот на истрагата. Тоа е наредба на шерифот на округот Санта Фе (во која се одигра инцидентот во американската сојузна држава Њу Мексико)“, изјави актерот кого новинарите го начекале со сопругата и децата.

Како што рекол Болдвин, тој имал пријателски однос со кинематографката Халина Хатчинс која загина во несреќниот случај кога тој на ранчот „Бонанца Крик“ вежбајќи потегнување револвер го истрела смртоносниот куршум кој во градите ја погодил младата жена и го рани режисерот Жоел Соуза.

„Таа ми беше пријателка. Денот кога отидова на снимањето во Санта Фе, јас и режисерот Џоел ја поканивме на вечера. Бевме многу тесно поврзана филмска екипа додека не се случи овој ужасен настан“, вели Болдвин.

Тој во разговорот се залага регулаторите да „преземат мерки за ограничено“ користење боева муниција на снимањето сцени со пукање.

„Не е до мене да одлучувам“, вели Болдвин истакнувајќи дека на снимањето како можна мерка може да се користат гумени или пастични куршуми.

Додава дека сѐ уште не донесол одлука дали во иднина некогаш ќе толкува улоги кои бараат употреба на огнено оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.