21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ВИДЕО) Борис Џонсон го објави планот за карантинот кој почнува во четврток

Британија ќе влезе во втора блокада едниомесечна блокада, а луѓето ќе можат да излегуваат само на работа, во училишта и во продавници.

Но, за разлика од заклучувањето што се случи во Англија оваа пролет, на училиштата и на факултетите им е дозволено да останат отворени.

Граѓаните ќе можат да патуваат во странство само за деловни активности.

Премиер лигата продолжува, но аматерските спортови ќе бидат ставени во мирување.

Заклучувањето исто така се очекува да вклучува ограничувања за патувања, со почеток од четврток и да траат до 2 декември.

Џонсон наведе некои исклучоци кога граѓаните ќе може да ги напуштат своите домови – одење на училиште / факултет, работа (во случај да не можат да работат од дома), вежбање и рекреација на отворено, медицински причини, купување основни намирници и грижа за другите.

Џонсон вели дека Божиќ оваа година ќе биде значително поразличен од вообичаеното. „Искрено се надевам дека ако сега преземеме драстични активности ќе може тогаш семејствата низ целата земја да бидат заедно“, рече Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.