(ВИДЕО) Борис Џонсон имал сообраќајка со демонстрант

Автомобилот во кој бил британскиот премиер Борис Џонсон денеска се судрил со друго возило пред парламентот во Лондон.

Возилот во кое се превезувал премиерот нагло закочило поради демонстрант кој истрча пред него. Во тој момент, друго возило од премиерската колона удри во него.

Џонсон не е повреден јавуваат британски медиуми.

По инцидентот, полицијата го совладала и го притворила демонстрантот.