(ВИДЕО) Борисов зборува, Османи слуша како ученик

Агенцијата БГНЕС објави видео од денешната средба на бугарскиот премиер Бојко Борисов со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во Софија, Станува збор за кратка средба пред официјалниот состанок на Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, пишува Фактор.мк

„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри , рече премиерот Бојко Борисов за време на состанокот“, пренесува Факор.

Според него, перспективата и моментот се исклучително важни и би било грев против историјата ако сегашните политички лидери во Бугарија и Република Македонија не успеат да најдат компромис. „Ни светот нема да не разбере“, додаде премиерот Бојко Борисов.

Во моментов Бугарија бара дополнителни услови за Македонија од земјите-членки на ЕУ, а истовремено се бара што е можно побрзи договори во рамки на Мешовитиот комитет за историски прашања, пред сѐ, за статусот на Гоце Делчев.

Посетата на Османи е претходница на средбата на премиерите Заев и Борисов, која треба да се случи пред 10 ноември.