(ВИДЕО) Бостон подобар од Денвер, Јокиќ не можеше сам

Во НБА лигата ноќеска се одиграа шест средби. Ова беше вечер на гостите, бидејќи единствената екипа која славеше на домашен терен беше Бостон.

Иако Денвер го имаше расположениот Никола Јокиќ во своите редови, сепак, на крајот загуби на гостувањето кај Бостон.

Бостон триумфираше со 112:99. Јокиќ уфрли 43 поени, меѓутоа тоа не беше доволно за победа. Најдобар во домашниот тим беше Џејлен Браун со 27 поени.

НБА резултати:

Бостон-Денвер 112:99

Мемфис-Њу Орлеанс 113:144

Милвоки-Торонто 113:124

Минесота-ЛА Лејкерс 104:112

Оклахома-Портланд 104:115

Финикс-Бруклин 124:128.