(ВИДЕО) Брачна двојка снимена во кражба во Струмица

На социјалните мрежи кружат и се споделуваат видеа на кои се гледаат „ликот и делото“ на наводен крадец во продавница за текстил во Струмица.

Кpажбaтa била анводно извршена пред неколку дена, откако повозрасен маж заедно со неговата сопруга влегле во продавницата со наводна намера да купуваат.

Сопственичката на „Тева текст“ во изјава за порталот „Струмица денес“ вели дека кражбата била добро испланирана претходно, бидејќи сопругата на кpaдецот вешто ѝ го одвлекувала вниманието на продавачката. Kрaдецот од чантата успеал да земе 5.000 денари.

На фејсбук веќе кружат и неколку видеа со кои се повикуваат сите кои ги познаваат да помогнат во пронаоѓање на сторителите.