(ВИДЕО) Бразил без Нејмар загуби бод против Еквадор на Копа Америка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бразил одиграа само нерешено во ноќешната пресметка против Еквадор (1-1) во последното коло од групната фаза на Копа Америка, со што на противникот директно му овозможија да се пласира во четвртфиналето.

„Кариоките“ уште пред овој меч го имаа обезбедено првото место во групата, поради што селекторот Тите ги одмори носителите, а на теренот ги испрати резервистите, кои не дозволија целосен срам. Бразилците поведоа преку Милитао со гол со глава во 37. минута, додека Еквадорците изедначија во 53. минута преку Анхел Миња.

Во вториот синоќешен меч, Перу минимални ја совлада Венецуела (1-0) иако ги штедеше поголемиот дел од првотимците. Ова значи дека прв во групата Б е Бразил со 10 бодови, пред Перу со седум, Колумбија со четири и Еквадор со три. Разрешницата во групата А ќе се случи ноќеска, кога треба да биде познат пласманот на четирите екипи кои веќе се во нокаут-фазата – Аргентина, Парагвај, Чиле и Уругвај.