(ВИДЕО) Бразил е една од најпогодените земји со коронавирусот, над три милиони активни случаи во светот

Според информациите на статистичкиот портал „Ворлдометар“, во моментот во светот има 3.002.538 активни случаи со Ковид-19, а Бразил е земјата каде во последните неколку дена бројот на жртви и новоинфицирано рапидно расте.

Само вчера во Бразил се потврдени 28.936 нови случаи со коронавирус, а како што пренесе „Ројтерс“ во текот вчерашниот ден оваа земја забележа рекордни 1.262 смртни случаи.

Бразилските здравствени власти од почетокот на епидемијата регистрирале вкупно 558.237 случаи од кои 31 309 пациенти починале, а 253.570 оздравеле.

Во светски рамки, единствено пред Бразил по бројот на заразени се САД со 1,8 милиони, каде ојот на смртни случаи изнесува 108.059.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.