(ВИДЕО) Бриселски полицајци малтретираат Словак до смрт додека отпоздравуваат со нацистички поздрав

Двајца белгиски командири на федералната полиција поднесоа оставки откако во јавноста се појави скандалозно видео од просторија за притвор на аеродромот „Шарлерои“ од февруари 2018 година. На видеото јасно се гледа како белгиски полицајци се изживуваат со словачкиот државјанин Јозеф Хованец, кој подоцна починал во болницата. Хованец бил приведен за агресивно однесување додека се качувал во авион.

На снимката се гледа дека полицијата го оставила притвореникот сам во просторијата долго време, а тој ја удира главата од ѕидот во сериозна психичка состојба, по што почнува да крвари. Полицајците го легнуваат на подот, а едниот од нив го притиска со коленото врз грбот и стои така неколку минути. На снимката се прикажани и полицајци кои танцуваат околу него, а една полицајка поздравува со нацистичкиот поздрав, со крената рака. И повеќе од јасно е дека полицајците се забавувале наместо да му ја пружат потребната помош на притвореникот.

Тој подоцна починал во болницата и му бил дијагностициран срцев удар.

Семејството на 38-годишниот Словак сега бара правда и се сомнева дека имало обид да се прикријат околностите околу смртта на Хованец.

Видеото, пренесено од белгиските медиуми, покажува дека приведениот не се спротивставувал на полицијата во ниту еден момент. Многумина се прашуваат што би се случило ако снимката не излезеше во јавност и дали навистина имало обид да се прикријат околностите на смртта на Словакот.

Полицајката која поздравува со нацистичкиот поздрав е префрлена на друга работа и „нема да биде на должност каде има контакт со граѓаните“.